LG V10 - LG H960A User Guide

Page of 586
Основи
44
1  
Допрете  . Ќе се прикаже листа на неодамна користените 
апликации.
2  
Допрете ја апликацијата до која сакате да пристапите. Со ова 
нема да се прекине претходната апликација која ќе се извршува 
во заднината. Не заборавајте да допрете за да излезете од 
апликацијата откако ќе престанете да ја користите.
За затворање на апликација од листата на последни користени 
апликации, повлечете го прегледот на апликацијата налево или 
надесно. За да ги избришете сите апликации, допрете Избриши 
сè.
Прилагодување на почетниот екран
Можете да го прилагодите вашиот почетен екран со додавање на 
апликации и додатоци или менување на заднини. 
Додавање на елементи на почетниот екран
1  
Допрете и задржете на празниот дел на почетниот екран. 
2  
Од менито Режим на додавање, изберете го елементот кој сакате 
да го додадете. Потоа, на почетниот екран ќе го забележите 
додадениот елемент.
3  
Повлечете го елементот до саканата локација и подигнете го 
прстот.
 ЗАБЕЛЕШКА 
За да додадете икона на апликација на почетниот екран од екранот 
Апликации, допрете и задржете на апликацијата која сакате да ја 
додадете.
Отстранување на елемент од почетниот екран
Додека сте на почетниот екран, допрете и задржете на иконата која 
сакате да ја отстраните > потоа повлечете ја кон  .