LG V10 - LG H960A User Guide

Page of 586
Основи
43
5
Индикатор на локација - Означува кој од почетните екрани го 
гледате во моментот.
6
Област за брзи копчиња - Овозможува пристап со еден допир 
до функција на кој било од почетните екрани.
7
Копчиња на допир на почетна страница
  Копче за 
назад
Враќање на претходниот екран. Исто така, 
ги затвора скокачките елементи, како што се 
менијата, дијалог прозорчињата и тастатурата 
на екранот. 
  Копче за 
почетен 
екран 
Враќање на почетниот екран од кој било екран.
  Копче за
Преглед
Приказ на неодамна користените апликации. 
Доколку го допрете и го држите ова копче, ќе 
се отвори мени со достапни опции.
За да погледнете други панели на почетниот екран
Оперативниот систем нуди повеќе почетни екрани за 
обезбедување повеќе простор за додавање икони, додатоци и 
друго.
Повлечете со прстот налево или надесно преку почетниот 
екран за да пристапите на други екрани. 
Враќање на неодамна користените апликации
Извршувањето на повеќе задачи со Android е едноставно; можете 
истовремено да извршувате повеќе од една апликација. Нема 
потреба да затворите одредена апликација пред да отворите друга. 
Користете повеќе отворени апликации и префрлувајте се помеѓу 
нив.
Android управува со сите апликации, запирајќи и активирајќи 
ги според потребите за да се спречи непотребно трошење на 
ресурсите од страна на неактивните апликации.