LG V10 - LG H960A User Guide

Page of 586
Основи
42
Почетен екран
Почетниот екран е појдовна точка за многу апликации и функции. 
Тој ви овозможува да додавате елементи како кратенки за 
апликации и додатоци за Google за брз пристап до информациите 
и апликациите. Ова е главниот почетен екран и тој е достапен од 
кое било мени преку допирање на  .
Запознавање со почетниот екран
Статусна лента
Second screen
Икони на апликации
Додатоци
Индикатор на локација
Област за брзи копчиња
Копчиња на допир на почетна страница
2
1
7
3
4
5
6
1
Second screen - На вториот екран во горниот дел од екранот 
корисникот може да ја конфигурира саканата апликација. 
Можете брзо и лесно да ја активирате омилената апликација 
преку поставување на вториот екран.
2
Статусна лента - Прикажува статусни информации за 
телефонот, вклучувајќи време, јачина на сигнал, статус на 
батерија и икони за известувања.
3
Додатоци - Додатоците се самостојни апликации до кои 
може да се пристапи преку фиоката Апликации или од 
почетниот екран. За разлика од кратенката, додатокот може да 
функционира како апликација на екран.
4
Икони на апликации - Допрете икона (апликација, фолдер итн.) 
за да ја отворите и користите.