LG V10 - LG H960A User Guide

Page of 586
Основи
45
Додавање на апликација кон областа за брзи копчиња
Од екранот Апликации или на почетниот екран, допрете и 
задржете на икона на апликација и повлечете ја до областа за брзи 
копчиња. Потоа спуштете ја на саканата локација.
Отстранување на апликација од областа за брзи 
копчиња
Допрете и задржете на саканото брзо копче и повлечете го кон  .
 ЗАБЕЛЕШКА 
Копчето Апликации 
 не може да се отстрани.
Прилагодување на иконите на апликациите на 
почетниот екран
1  
Допрете и задржете на икона на апликација додека не се 
отклучи од нејзината тековна позиција, а потоа пуштете ја. 
Иконата за уредување 
 ќе се појави во горниот десен агол на 
апликацијата.
2  
Повторно допрете ја иконата на апликацијата и изберете ги 
саканиот дизајн и големина на иконата. 
3  
Допрете OK за да ја зачувате промената.
Панел за известувања
Известувањата ве информираат за новите пораки, настаните во 
календарот и алармите, како и за тековните настани, како на пр. за 
време на повик.
Отворање на панелот за известувања
Повлечете надолу од статусната лента за да се отвори панелот за 
известувања. За да го затворите панелот за известувања, повлечете 
по екранот нагоре или допрете на  .