LG V10 - LG H960A User Guide

Page of 586
Поставки
106
Помош – Приказ на совети околу користењето на Двоен 
прозорци.
Доколку ви се потребни дополнителни информации, погледнете во 
делот Двоен прозор во Функции кои ќе ви се допаднат.
Датум и време
Поставете го начинот на кој ќе се прикажуваат датумот и времето.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Датум и 
време.
Меморија
Можете да ја надгледувате искористената и достапната внатрешна 
меморија на уредот.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Меморија.
ВНАТРЕШНА МЕМОРИЈА
Вкупно простор – Го прикажува вкупниот простор и 
достапниот простор на меморијата на вашиот телефон со текст 
и со графикон со лента во боја (неискористениот простор е 
сив). Апликациите и соодветниот простор кој го заземаат е 
наведен под секој корисник на уредот.
SD КАРТИЧКА
Вкупно простор – Го прикажува вкупниот простор и 
преостанатиот достапен простор на мемориската картичка.
Воспостави/Оневозможи SD картичка – Ви дозволува да ја 
овозможите или оневозможите вашата SD картичка.
Избриши SD картичка – Ви овозможува да ги избришете сите 
податоци на вашата SD картичка.
Штедење на батерија и енергија
Ги прикажува моменталниот статус на батеријата вклучувајќи го 
процентот на преостанатата енергија и статусот на полнење.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Штедење на 
батерија и енергија.