LG V10 - LG H960A User Guide

Page of 586
Поставки
104
Отпечатоци од прсти & безбедност
Користете го ова мени за да конфигурирате на кој начин да се 
зголеми безбедноста на телефонот и неговите податоци.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Отпечатоци 
од прсти & безбедност.
Отпечатоци од прсти – Отклучете го екранот или погледнете 
ги заклучените содржини со вашиот отпечаток од прст. Доколку 
ви се потребни дополнителни информации, погледнете 
во делот Отпечатоци од прсти во Функции кои ќе ви се 
допаднат.
Заклучена содржина – Изберете тип на заклучување за да 
заклучувате белешки за QuickMemo+.
Шифрирај телефон – Ви овозможува да ги шифрирате 
податоците на телефонот за поголема сигурност. Ќе биде 
потребно да внесете PIN или лозинка за дешифрирање на 
телефонот при секое негово вклучување.
Шифрирај меморија на SD картичка – Шифрирајте ги 
податоците на SD картичката и чувајте ги како недостапни за 
другите уреди.
Поставување заклучување на SIM картичка – Поставете 
заклучување на SIM картичката со PIN или извршете промена 
на PIN.
Пишувањето лозинка е видливо – Овозможете за 
прикажување на секој знак од лозинката додека внесувате, за 
да можете да видите што внесувате.
Администратори на уред – Преглед или деактивирање на 
администраторите на телефонот.
Непознати извори – Овозможување на инсталирање на 
апликации кои не се од Play Store.
Верификувај апликации – Оневозможување или 
предупредување пред инсталирање на апликациите кои може 
да бидат опасни.