LG V10 - LG H960A User Guide

Page of 586
Поставки
103
Кратенка за карактеристики за пристапност – Ви 
овозможува брз пристап до избраните функции кога го 
допирате трипати копчето за почетен екран.
Ориентација – Овозможете за да го поставите телефонот да 
го ротира екранот во зависност од физичката ориентација на 
телефонот (вертикална или хоризонтална).
Префpлeтe пристап – Ви овозможува да вршите интеракција 
со вашиот уред користејќи еден или повеќе преклопници кои 
функционираат како копчиња од тастатура. Ова мени може да 
биде од помош за корисниците со ограничувања во движењето 
кои ги спречуваат во директната интеракција со вашиот уред.
Мал приказ
Вклучете го ова мени за да го намалите екранот за користење 
со една рака со повлекување налево или надесно на копчињата 
на допир на почетната страница. Доколку ви се потребни 
дополнителни информации, погледнете во делот Мал приказ во 
Функции кои ќе ви се допаднат.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Мал приказ.
Копче за брз пристап
Добијте брз пристап до апликациите со двојно притиснување 
на копчињата за јачина на звук кога екранот е исклучен или 
заклучен.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Копче за 
брз пристап.
Притиснете го копчето за зголемување на јачина на звук 
двапати за активирање на апликацијата Сними+.
Притиснете го копчето за намалување на јачина на звук 
двапати за активирање на апликацијата Фотоапарат.
Брза слика – Овозможете ја оваа опција за да снимите 
фотографија веднаш откако ќе го притиснете копчето за 
намалување на јачина на звук двапати.