LG V10 - LG H960A User Guide

Page of 586
Поставки
108
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Стандардна 
апликација за пораки.
Создај резервна копија и ресетирај
Променете ги поставките за управување со вашите поставки и 
податоци.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Создај 
резервна копија и ресетирај.
LG Backup – Архивирање на сите информации од уредот 
и нивно враќање во случај на губење на податоците или 
замена. Доколку ви се потребни дополнителни информации, 
погледнете во делот LG Backup во Апликации.
Арх. на мои податоци – Заштитете ги вашите апликациски 
податоци, Wi-Fi лозинки и други поставки на Google серверите.
Резервна сметка – Приказ на сметката која се користи во 
моментот за архивирање на информации.
Автоматско враќање – Кога реинсталирате апликација, 
вратете ги зачуваните поставки и податоци.
Ресетирање и поставување на фабрички податоци – 
Ресетирање на поставките на зададените фабрички вредности 
и бришење на сите ваши податоци. Ако го ресетирате 
телефонот на овој начин, од вас ќе биде побарано повторно да 
ги внесете истите информации како и при првото активирање 
на Android.
За телефонот
Прегледајте ги правните информации, проверете го статусот на 
телефонот и верзијата на софтверот и извршете ажурирање на 
софтверот.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > За 
телефонот.