LG V10 - LG H960A User Guide

Page of 586
Поставки
98
Информација за контакт за загубен телефон – Ви 
овозможува приказ на информации за сопственикот на 
заклучениот екран во случај да се загуби телефонот.
Мерач на време за заклучување – Ви овозможува да го 
поставите времето пред екранот автоматски да се заклучи 
откако ќе измине зададеното време.
Копчето за вклучување веднаш се заклучува – Штиклирајте 
за моментално заклучување на екранот при притиснување на 
копчето за напојување/заклучување. Оваа поставка добива 
предност пред тајмерот за заклучување.
Копчиња на допир на почетниот екран
Поставете ги копчињата на допир на почетна страница кои се 
прикажуваат во долниот дел на сите екрани. Поставете кои од нив 
да бидат прикажани, нивната позиција на лентата и нивниот изглед.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Екран > Копчиња на 
допир на почетниот екран.
Дополнителни поставки за екранот
Ви овозможува да поставите дополнителни поставки за екранот. 
На екранот Поставки, допрете ја картичката Екран.
Тип на фонт – Изберете го саканиот тип на фонт.
Големина на фонт – Изберете ја саканата големина на фонт.
Осветленост – Прилагодете ја осветленоста на екранот со 
користење на лизгачот.
Ориентација – Поставете за автоматско префрлување на 
ориентацијата при завртување на телефонот.
Време на истекување на екран – Поставете го времето на 
одложување пред екранот автоматски да се исклучи.
Дневно сонување – Изберете заштитник за екран кој ќе се 
прикаже кога телефонот спие, додека е во мирување и/или се 
полни.