LG V10 - LG H960A User Guide

Page of 586
Поставки
97
Слика за заднина – Ја поставува сликата за заднина на вашиот 
почетен екран.
Ефект на екран – Изберете го саканиот тип на ефектот кој ќе 
се прикаже кога брзо ќе повлечете од една слика на почетниот 
екран кон наредната.
Дозволи кружење на почетниот екран – Овозможете за да 
дозволите континуирано прелистување на почетниот екран 
(враќање на првиот екран по последниот екран).
Помош – Прикажува помошни информации за почетниот 
екран.
Заклучен екран
Ви овозможува да ги поставите поставките за заклучениот екран.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Екран > Заклучен 
екран.
Одберете заклучување на екран – Ви овозможува да 
поставите тип на заклучување на екранот за поголема 
безбедност на телефонот.
Smart Lock – Се поставува за да го одржува телефонот 
отклучен кога се работи за уред на кој му верувате или познато 
место. Доколку ви се потребни дополнителни информации, 
погледнете во делот Smart Lock во Основи.
Ефект на екран – Го поставува ефектот кога ќе поминете со 
прстот преку заклучениот екран.
Слика за заднина – Изберете ја заднината која ќе се прикаже 
на заклучениот екран.
Кратенки – Ви овозможува да ги изберете достапните кратенки 
на заклучениот екран.
Анимација за време – Овозможете ја оваа функција за приказ 
на анимации за време за тековната локација на заклучениот 
екран.