LG V10 - LG H960A User Guide

Page of 586
Поставки
89
Вибрација при врска – Телефонот вибрира кога другата страна 
ќе одговори на повикот.
Задушување на бучавата – Потиснување на бучавата од 
околината од моја страна за време на повик.
Чистота на глас – Подобрување на чистотата на гласот за да 
слушате почисто.
Зачувај непознати броеви – Ви овозможува да ги додавате 
непознатите броеви во контактите по повикот.
Копчето за вкл/иск исклучува повик – Ви овозможува да го 
користите копчето за напојување за да завршувате повици.
Одговорете на дојдовен повик – За време на дојдовен повик, 
доближете го телефонот до увото за да одговорите на повикот.
Дојдовен повик на чекање – Штиклирајте за да овозможите 
со превртување на уредот да се исклучи звукот за дојдовните 
повици.
Забрана за повик – Заклучување на влезни, излезни или 
меѓународни повици.
Траење на повикот – Ви овозможува да го прегледате 
траењето на различните типови на повици.
Дополнителни поставки – Ви овозможува да ги промените 
следните поставки како ID на повикувач или Повик на 
чекање, итн.
NFC
Вашиот телефон е мобилен телефон со NFC можности. NFC (Near 
Field Communication) е технологија за безжично поврзување која 
овозможува двонасочна комуникација помеѓу електронски уреди. 
Таа функционира на растојание од неколку сантиметри. Можете 
да ги споделувате вашите содржини со NFC ознака или друг уред 
со NFC поддршка преку обично допирање со вашиот уред. Ако 
допрете NFC ознака со вашиот уред, на екранот ќе се прикаже 
содржината на ознаката.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Мрежи > Сподели и 
поврзи > NFC.