LG V10 - LG H960A User Guide

Page of 586
Поставки
88
Мобилен податочен
Приказ на користењето на податоци и ограничувањето за 
користењето на податоци.
Допрете на 
 за да ја вклучите или исклучите податочната 
врска од мобилниот телефон. Ова ви овозможува да управувате 
со користењето на мобилните податоци. Можете да користите 
и Wi-Fi мрежно поврзување за податоците.
Поставки за повици
Ви овозможува да конфигурирате разни поставки за повиците.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Мрежи > Поставки за 
повици.
Говорна пошта – Ви овозможува да ја изберете услугата на 
говорна пошта на вашиот оператор.
Прикажи аудиоповици додека е во апликација – Приказ 
на известување за дојдовен говорен повик додека се користи 
одредена апликација.
Броеви за фиксно бирање – Ви овозможува да управувате 
и составувате листа на броеви кои можат да бидат повикани 
од вашиот телефон. Ќе ви биде потребен PIN2 кодот, кој ќе го 
добиете од вашиот оператор. По активирањето, од вашиот 
телефон ќе можат да се бираат само броевите од фиксната 
листа за бирање.
Отфрлање на повици – Ви овозможува да ја поставите 
функцијата за одбивање на повик.
Одбиј со порака – Кога сакате да одбиете повик, можете да 
испратите брза порака со помош на оваа функција. Ова е 
корисно доколку треба да одбиете повик за време на состанок.
Проследување на повици – Ви овозможува да изберете кога 
сакате да проследувате повици.
Автоматски одговор – Поставете го времето на автоматски 
одговор на поврзаниот hands-free уред за дојдовните повици.