LG V10 - LG H960A User Guide

Page of 586
Апликации
71
Галерија
Апликацијата Галерија ви ги претставува сликите и видео записите 
во вашата меморија, вклучувајќи ги и оние кои сте ги снимиле со 
апликацијата Фотоапарат и оние кои сте ги презеле од интернет 
или од други локации. 
1  
Допрете   >   > 
.
2  
Допрете на албум за да го отворите и да ја погледнете неговата 
содржина. (Сликите и видео записите во албумот се прикажани 
по хронолошки редослед.)
3  
Допрете на слика во албумот за да ја погледнете.
 ЗАБЕЛЕШКА 
Во зависност од инсталираниот софтвер, одредени формати на фајлови 
може да не бидат подржани.
Одредени фајлови може да не се репродуцираат правилно поради 
нивното кодирање.
Прегледување на слики
Галеријата ги прикажува вашите слики во фолдери. Кога некоја 
апликација, како на пр. E-mail, ќе зачува некоја слика, автоматски ќе 
се креира фолдер за преземање во кој ќе биде сместена сликата. 
Исто така, ако направите снимка на екранот, автоматски се креира 
фолдер Снимки на екран. 
Сликите се прикажани според датумот на креирање. Изберете 
слика за да ја прикажете на целиот екран. Придвижете се налево 
или надесно за да ја видите следната или претходната слика.
Уредување на фотографии
При прегледување на фотографијата, допрете 
.
Поставување на слика за заднина
При прегледување на фотографија, допрете   > Постави слика 
како за да ја поставите прикажаната слика како заднина или за да 
ја доделите на контакт.