LG V10 - LG H960A User Guide

Page of 586
Апликации
69
3  
Откако ќе ја снимите сликата, доближете го телефонот до вашето 
лице. Ќе се прикаже снимената фотографија.
 ЗАБЕЛЕШКА 
Во зависност од брзината и аголот на потегот, оваа функција може да не 
функционира правилно.
Кога ќе го промените аголот по Брз преглед, тој ќе се врати во режим на 
фотоапарат. За повторно да ја видите сликата, одете во Галерија.
Автоматски фокус во повеќе точки
Кога снимате слика, функцијата за автоматски фокус во повеќе 
точки функционира автоматски и ви овозможува да гледате чиста 
слика.
8X зумирање
Кога го користите објективот на задниот фотоапарат, можете да го 
зголемувате или намалувате зумот до 8x.
 ЗАБЕЛЕШКА 
Раката нека ви биде мирна. Оваа функција не работи со одредени 
функции. При снимање на динамични предмети, можно е 
преклопување.
Откако ќе снимите фотографија
За да ја погледнете последната фотографија која сте ја снимиле, 
допрете ја малата слика на екранот.
Допрете за уредување на фотографијата.
Допрете за веднаш да снимите уште една фотографија.
Допрете за да ги отворите достапните опции за 
споделување.
Допрете за да ја избришете фотографијата.
Допрете за да пристапите до дополнителните опции.