LG V10 - LG H960A User Guide

Page of 586
Поставки
92
ги прикажува сите уреди кои може да ја прикажат вашата 
содржина преку Miracast.
LG AirDrive
Ви овозможува да се поврзете на компјутер за да го управувате 
вашиот телефон. Поставете го LG Bridge од веб-сајтот на LG 
Electronics на компјутер пред употреба. Кога ќе се најавите на 
истата LG сметка на вашиот телефон и компјутер, можете да ја 
користите функцијата LG AirDrive.
1  
Најавете се на истата LG сметка на мобилните уреди и на 
компјутер.
2  
На екранот Поставки, допрете ја картичката Мрежи > Сподели 
и поврзи > LG AirDrive.
3  
Активирајте ја апликацијата LG Bridge на вашиот компјутер и 
изберете LG AirDrive.
 ЗАБЕЛЕШКА 
Доколку сакате да го поставите LG Bridge, погледнете во делот LG 
Bridge во Основи.
Печатење
Ви овозможува да ги печатите содржините на одредени екрани 
(како што се веб-страници прикажани во Chrome) на печатач 
поврзан на истата Wi-Fi мрежа како и вашиот Android уред.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Мрежи > Сподели и 
поврзи > Печатење.
Печатење преку безжичен печатач
1  
Изберете фајл или елемент како контактен или медиумски фајл.
2  
Изберете ја опцијата за испраќање на податоци преку Bluetooth.
3  
Побарајте и извршете впарување со уред со активиран Bluetooth.