LG V10 - LG H960A User Guide

Page of 586
Апликации
81
ФМ радио
Вашиот телефон располага со вградено FM радио така што ќе 
можете да ги слушате омилените станици кога сте во движење. 
Допрете   >   > 
.
 ЗАБЕЛЕШКА 
Мора да ги вклучите слушалките за да ги користите како антена.
LG Backup
За архивирањето и враќањето на податоците 
од уредот
Се препорачува на внатрешната меморија редовно да креирате и 
зачувувате фајл за архивирање, особено пред ажурирање на каков 
било софтвер. Одржувањето на тековен фајл за архивирање на 
мемориската картичка ќе ви овозможи да ги вратите податоците од 
вашиот уред доколку тој биде изгубен, украден или оштетен заради 
непредвидена причина.
Оваа LG апликација за архивирање поддржува различни LG 
smartphone уреди и таблети, други софтверски верзии или 
оперативни системи. Така, кога ќе купите нов LG smartphone уред 
или таблет, ќе можете да ги архивирате тековните податоци од 
уредот на вашиот нов уред.
Ако однапред ја имате вчитано апликацијата LG архивирање на 
вашиот smartphone уред или таблет, со неа ќе можете да извршите 
архивирање и враќање на најголемиот дел од податоците, 
вклучувајќи преземени и однапред инсталирани апликации, 
означени страници, записи од календарот, контакти, поставки на 
почетен екран и системски поставки.