LG V10 - LG H960A User Guide

Page of 586
Основи
50
За да ја поделите или споите тастатурата
Можете да ја поделите тастатурата на половина со хоризонтално 
раздвојување на два прста на хоризонталната тастатура. Ова го 
олеснува пишувањето со палците. Проверете дали е овозможено 
поставувањето Подели тастатура за да ја користите оваа функција.
Допрете   >   > 
 > картичката Општо > Јазик и 
тастатура > Тастатура на LG > Висина и распоред на 
тастатура > Подели тастатура.
Пренос на податоци помеѓу PC и 
уредот
Можете да копирате или да пренесувате податоци помеѓу PC и 
уредот. 
Пренос на податоци преку USB поврзување
1  
Поврзете го вашиот уред на компјутер користејќи го USB кабелот 
кој го добивте со вашиот телефон.
2  
Отворете го панелот за известувања, допрете го тековниот тип 
на поврзување и изберете Медиумски уред (MTP).
3  
На вашиот компјутер ќе се појави прозорец кој ќе ви овозможи 
да ги пренесете саканите податоци.
 ЗАБЕЛЕШКА 
За да се детектира телефонот, потребно е да имате инсталирано драјвер 
за LG Android платформата на вашиот компјутер.
Проверете ги барањата за користење на Медиумски уред (MTP).