LG V10 - LG H960A User Guide

Page of 586
Основи
35
Вадење на мемориската картичка
Пред да ја отстраните мемориската картичка, прво оневозможете ја 
за безбедно отстранување.
1  
Допрете   >   > 
 > картичката Општо > Меморија > 
Оневозможи SD картичка.
2  
Отстранете го задното капаче и извадете ја мемориската картичка.
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Немојте да ја отстранувате мемориската картичка кога уредот 
пренесува или пристапува до информации. Во спротивно, може да 
дојде до губење или оштетување на податоците или оштетување 
на мемориската картичка или уредот. Компанијата не презема 
одговорност за загубата која произлегува од неправилната употреба на 
оштетени мемориски картички, вклучувајќи го губењето на податоците.
Совети за екранот на допир
Еве неколку совети како да се движите низ содржините на вашиот 
телефон.
 ЗАБЕЛЕШКА 
Не притиснувајте премногу силно; екранот на допир е доволно 
чувствителен да регистрира и лесно, но сепак одмерено допирање.
Користете го врвот од прстот за да ја допрете саканата опција. 
Внимавајте да не ги допрете другите копчиња.
Допрете
Со едно допирање со прст се избираат елементи, линкови, 
кратенки и букви на тастатурата на екранот.