LG V10 - LG H960A User Guide

Page of 586
Функции кои ќе ви се допаднат
15
Двоен прозор
Функцијата Двоен прозорец го дели екранот за да овозможи 
извршување на повеќе задачи, повлекување и пуштање, автоматско 
поврзување, како и прикажување на последно користените 
апликации.
Активирање на Двојниот прозорец
1  
Допрете   >   > 
 > картичката Општо > Двоен прозор.
2  
Допрете 
 за да ја поставите функцијата на Вклучено.
Штиклирајте го квадратчето Автоматско отварање за 
автоматско отворање на функцијата Двоен прозорец при допир 
на врска на целосниот екран или при допир на слика како 
прикачен фајл на e-mail порака.
Користење на Двојниот прозорец
1  
Допрете   >   > Двоен прозор.
 ЗАБЕЛЕШКА 
Кога гледате апликација, можете да допрете на 
 > Двоен прозор за 
автоматски да ја поставите таа апликација во горниот прозорец, а потоа 
да ја изберете втората апликација.
2  
Допрете ја иконата на апликацијата која сакате да ја користите. 
Првата апликација која ќе ја допрете се отвора на прозорец 
во горниот дел од екранот. Втората апликација се отвора во 
долниот прозорец.
3  
Допрете на прозорец за да го изберете и да го користите.
Околу избраниот прозорец ќе се појави сино квадратче со син 
полукруг помеѓу прозорците.
Повлечете го синиот полукруг за да ја промените големината на 
прозорците (еден поголем и еден помал).
4  
Допрете на   за да пристапите до опциите на функцијата Двоен 
прозорец.