LG LG Wine Smart - LG H410 User Guide

Page of 430
Поставки
70
< Апликации >
Ви овозможува да ги погледнете деталите за апликациите кои се 
инсталирани на вашиот телефон, да управувате со нивните податоци и 
веднаш да ги сопрете. 
< Стандардна апликација за пораки >
Ова мени ви овозможува да изберете која апликација за размена на 
пораки ќе ја користите како зададена апликација за размена на пораки.
< Апликација на flip close >
Ова мени ви овозможува да изберете како се однесува тековната 
апликација кога ќе се затвори футролата.
ЛИЧНО
< Локација >
Вклучете ја услугата за локација, вашиот телефон ќе ја одреди вашата 
приближна локација со користење на Wi-Fi и мобилни мрежи. Кога ќе ја 
изберете оваа опција, ќе бидете запрашани дали се согласувате Google 
да ја користи вашата локација при обезбедување на овие услуги.
Начин на работа 
Поставува како се одредуваат информациите за вашата тековна 
локација.
Фотоапарат
Штиклирајте за да означувате фотографии или видео снимки со 
нивните локации.
Иcтopија на локација на Google
Ви овозможува да ги изберете поставките за вашата тековна локација 
до кои имаат пристап Google и неговите производи.
< Безбедност >
Користете го менито за сигурност за да конфигурирате на кој начин да 
се зголеми безбедноста на телефонот и неговите податоци.