LG K4-LGK120E-BK User Guide

Page of 462
Поставки
84
Стандардна апликација за пораки
Ова мени ви овозможува да изберете која апликација за размена 
на пораки ќе ја користите како зададена апликација за размена на 
пораки. 
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Стандардна 
апликација за пораки.
Создај резервна копија и ресетирај
Променете ги поставките за управување со вашите поставки и 
податоци.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Создај 
резервна копија и ресетирај.
LG Backup – Архивирање на сите информации од уредот 
и нивно враќање во случај на губење на податоците или 
замена. Доколку ви се потребни дополнителни информации, 
погледнете во делот LG Backup во Апликации.
Арх. на мои податоци – Заштитете ги вашите апликациски 
податоци, Wi-Fi лозинки и други поставки на Google серверите.
Резервна сметка – Приказ на сметката која се користи во 
моментот за архивирање на информации.
Автоматско враќање – Кога реинсталирате апликација, 
вратете ги зачуваните поставки и податоци.
Ресетирање и поставување на фабрички податоци – 
Ресетирање на поставките на зададените фабрички вредности 
и бришење на сите ваши податоци. Ако го ресетирате уредот 
на овој начин, од вас ќе биде побарано повторно да ги внесете 
истите информации како и при првото активирање на Android.