LG K10-LGK420N User Manual

Page of 467
Поставки
83
Копче за брз пристап
Добијте брз пристап до апликациите со притиснување на 
копчињата за јачина на звук кога екранот е исклучен или 
заклучен.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Копче за 
брз пристап.
Притиснете го копчето за зголемување на јачина на звук 
двапати за активирање на апликацијата Сними+.
Притиснете го копчето за намалување на јачина на звук 
двапати за активирање на апликацијата Фотоапарат.
Безбедност
Користете го ова мени за да конфигурирате на кој начин да се 
зголеми безбедноста на уредот и неговите податоци.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Безбедност.
Заклучена содржина – Изберете тип на заклучување за да 
заклучувате белешки за QuickMemo+.
Шифрирај телефон – Ви овозможува да ги шифрирате 
податоците на уредот за поголема сигурност. Ќе биде потребно 
да внесете PIN или лозинка за дешифрирање на уредот при 
секое негово вклучување.
Шифрирај меморија на SD картичка – Шифрирајте ги 
податоците на SD картичката и чувајте ги како недостапни за 
другите уреди.
Поставување заклучување на SIM картичка – Поставете 
заклучување на SIM картичката со PIN или извршете промена 
на PIN.
Пишувањето лозинка е видливо – Овозможете за 
прикажување на секој знак од лозинката додека внесувате, за 
да можете да видите што внесувате.
Администратори на уред – Преглед или деактивирање на 
администраторите на уредот.