LG K10-LGK420N User Manual

Page of 467
Поставки
73
Допри и плати – Кога е вклучен NFC, можете да ја користите 
функцијата Допри и плати за да платите за производите со 
едноставно допирање на вашиот телефон до читач на каса. Ако 
вашиот телефон нема зададена апликација, на Google Play Store 
можете да пребарувате други апликации за плаќање.
Android Beam
Кога е вклучена оваа функција, ќе можете да пренесувате содржини 
на апликација кон друг уред со NFC можности преку меѓусебно 
приближување на уредите. Едноставно доближете ги уредите еден 
до друг (обично со задните страни) и потоа допрете го вашиот 
екран. Апликацијата ќе одреди што ќе биде проследувано.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Мрежи > Сподели и 
поврзи > Android Beam
1  
Допрете 
 за да ја вклучите функцијата Android Beam 
(Вклучете ја функцијата Android Beam на двата уреда).
2  
Изберете го екранот или фајловите кои сакате да ги споделите 
(на пр. слики од Галерија).
3  
Доближете ги уредите.
4  
Допрете го екранот кој сакате да го испратите откако ќе го 
намалите (Секоја апликација одредува што се испраќа или 
прима).
Печатење
Ви овозможува да ги печатите содржините на одредени екрани 
(како што се веб-страници прикажани во Chrome) на печатач 
поврзан на истата Wi-Fi мрежа како и вашиот Android уред.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Мрежи > Сподели и 
поврзи > Печатење.