LG K10-LGK420N User Manual
Основи
36
Додавање на апликација кон областа за брзи копчиња
Од екранот Апликации или на почетниот екран, допрете и
задржете на икона на апликација и повлечете ја до областа за брзи
копчиња. Потоа спуштете ја на саканата локација.
Отстранување на апликација од областа за брзи
копчиња
Допрете и задржете на саканото брзо копче и повлечете го кон .
ЗАБЕЛЕШКА
•
Копчето Апликации
не може да се отстрани.
Прилагодување на иконите на апликациите на
почетниот екран
1
Допрете и задржете на икона на апликација додека не се
отклучи од нејзината тековна позиција, а потоа пуштете ја.
Иконата за уредување
ќе се појави во горниот десен агол на
апликацијата.
2
Повторно допрете ја иконата на апликацијата и изберете ги
саканиот дизајн и големина на иконата.
3
Допрете OK за да ја зачувате промената.
Панел за известувања
Известувањата ве информираат за новите пораки, настаните во
календарот и алармите, како и за тековните настани, како на пр. за
време на повик.