LG K10-LGK420N User Manual

Page of 467
Основи
30
По најавувањето, уредот се синхронизира со вашите Google 
услуги, како Gmail, Контакти и Google календар. Исто така, можете 
да користите мапи, да преземате апликации од Play Store, да ги 
архивирате вашите поставки на Google сервери и да ги користите 
предностите на другите Google услуги на вашиот уред.
Заклучување и отклучување на 
уредот
Копчето за напојување/заклучување го исклучува екранот и го 
става уредот во режимот на заклучување. Уредот автоматски се 
заклучува доколку не се користи одреден временски период. 
Ова помага да се спречат случајните допирања и да се зачува 
енергијата на батеријата. 
За да го отклучите уредот, притиснете го копчето за напојување/
заклучување и повлечете по екранот во која било насока.
Вклучи екран
Функцијата "Вклучи екран" ви овозможува двојно да го допрете 
екранот за негово лесно вклучување или исклучување.
Вклучување на екранот
1  
Допрете двапати на центарот на заклучениот екран за го 
активирате екранот.
2  
Отклучете го екранот или пристапете до достапните кратенки 
или додатоци.
Исклучување на екранот
1  
Допрете двапати на празна област од почетниот екран или од 
статусната лента.
2  
Екранот ќе се исклучи.