LG D295 User Manual

Page of 500
13
Ве молиме прочитајте го ова пред да започнете со 
употребата на вашиот телефон!
Пред да го однесете телефонот на сервис или да повикате претставник на сервисот, 
проверете дали проблемот со кој се соочувате кај телефонот е опишан во овој дел.
1.  Меморија на телефон
Кога во меморијата на телефонот има помалку од 10% слободен мемориски простор, 
телефонот нема да може да прима нови пораки. Потребно е да ја проверите меморијата на 
телефонот и да избришете дел од податоците, како апликации или пораки за да добиете 
повеќе слободна меморија.
За деинсталирање на апликации:
1  
Допрете 
 > 
 > картичката Апликации > Поставки > картичката Општо > 
Апликации.
2  
Откако ќе се појават сите апликации, придвижете се и изберете ја апликацијата која 
сакате да ја деинсталирате.
3  
Допрете Деинсталирање.
2.  Оптимизирање на траењето на батеријата
Продолжете го траењето на батеријата со исклучување на функциите кои нема потреба 
постојано да се извршуваат во заднина. Можете да надгледувате колку апликациите и 
ресурсите на системот ја трошат батеријата.
Продолжување на траењето на батеријата телефонот:
Исклучете ги радио-комуникациите кога не ги користите. Ако не користите Wi-Fi, 
Bluetooth или GPS, исклучете ги.
Намалете ја осветленоста на екранот и поставете пократко време на истекување на 
екранот.
Исклучете го автоматското синхронизирање на Gmail, Календар, Контакти и другите 
апликации.
Важно известување